Јапонско јаболко, спанаќ, праз, производство има на пазарот во Облешево ама народот нема пари

Јапонско јаболко, спанаќ, праз, производство има, ама не и побарувачка на пазарот во Облешево. Продавачите од Облешево и околните села и денеска ги пласираа своите производи на тезгите со надеж дека ќе продадат нешто плус и ќе однесат некој денар дома. Согласни се дека граѓаните немаат пари, а уште позагрижувачки е факотот е нема народ кој да купува.

„Цената е џабе, не оди земјоделието, нема ниту народ ниту купувачи. 50 денари е килограм спанаќ. “ – велат продавачите.

И купувачите се со исто мислење како и претходниот вторник, производство има доволно ама немаат пари. Затоа купуваат колку што им дозволуваат примањата.

Зелката, спанаќ, праз како и сезонското овошје денеска беа најбарани и најпродавани на пазарот во село Облешево.

Лаура Стојанова М-Нет