Лидерот Влазерими со минималец против Љуботен, Дрита со „петарда“ за Напредок

Денес беа одиграни натпреварите од 10. коло од Третата македонска фудбалска лига – Запад, каде најубедлива победа забележа Дрита која со 0:5 славеше над некогашниот прволигаш Напредок во Кичево.

Лидерот Влазерими со минимални 1:0 го доби дуелот со Љуботен на домашен терен, а стрелец на победничкиот гол беше Албулен Имери постигнат во 5. минута.

Напредок на домашен терен доживеа тежок пораз од Дрита со убедливи 0:5. Селими и Алили погодија за 0:2 на полувреме. Во вториот дел Симјаноски си постигна автогол, а до крајот Амазаи и Рамадани погодија за конечни 0:5.

Џепчишти со 3:2 беше подобар во дуелот со Зајази на домашен терен. Саљиу за домашниот тим беше двоен стрелец, а вториот гол беше делот на Зубери. За гостите Ќерими и Хашими беа стрелци на двата гола.

Додека пак Речица со 3:2 го доби дуелот со Камјани на домашен терен.

АВТОР: Александар Ванев