
Денес беше одигран хуманитарниот натпревар меѓу третолигашот Слога и прволигашот Гостивар на Градскиот стадион во Виница. Со овој натпревар и официјално е потврда соработката на двата клуба, со што ланскиот второлигаш Слога добива стабилен спонзор на долгорочен план.
Денешниот хуманитарен натпревар заврши со триумф од 0:3 за прволигашот Гостивар, а собраните финансиски средства дополнително ќе бидат уплатени на сметката на Виктор Боневски, за што од клубот најавија дека дополнително ќе известат.
Како што дознава телевизија М Нет, во следниот период ќе бидат објавени сите новитети кои ќе се случат во Слога Виница, односно ќе бидат претставени сите активности околу соработката на двата клуба, претставување на нови и искусни фудбалери.
АВТОР: Александар Ванев