Синоќа акциска контрола на СВР Штип за возачи под дејство на алкохол

Во текот на изминатата вечер (18/19.11.2023) во периодот од 23.00 до 05.00 часот на територија на СВР Штип спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата биле санкционирани 11 возачи.
На 18.11.2023 на подрачјето на СВР Штипп спроведена е акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 18 прекршоци, од кои 8 надвор од населено место и 10 во населено место.
Акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила.