Јорданов ќе бара референдум за промена на старата водоводна мрежа во Штип, поради честите дефекти

Во текот на вчерашниот ден неколку штипски населби останаа без вода поради дефект на главната водоводна линија. Екипи на ЈП ,,Исар” работеа на отстранување на дефектот и за водоснабдувањето да се нормализира. Утринава од ЈП ,,Исар” преку соопштение изјавија дека е отстранет дефектот во населбата Баби и водоснабдувањето е нормализирано.

Штипскиот градоначалник Иван Јорданов синоќа во обраќање кон граѓаните изјави дека: ,,На Штип му е потребен успешен референдум за употреба на средствата од самопридонесот, за промена на застарената водоводна мрежа.

Во последните 24 часа се случија неколку последователни дефекти, оставајќи цели населби без водоснабдување.

Овој проблем не засега сите нас, без разлика на политичката, верската или било која друга припадност.

Не постои друго решение освен целосна замена на застарената водоводна мрежа.
Затоа не седница на совет на Општина Штип ќе предложам точка за распишување на референдум за употреба на средствата од самопридонесот, за конечно решавање на долгогодишниот проблем.” изјави Јорданов.