Двајца браќа на осудено лице нападнале друго осудено лице во штипскиот затвор

Двајца браќа на осудено лице се обиделе да тепаат друго осудено лице во штипското затвор. Претходниот викенд за време на посета во Казнено поправната установ Затвор Штип се случил немилиот настан, но како што потенцира директорот Мики Тодоров навремно се спречени поголеми инциденти. Во телефонски разговор за М-Нет телевија тој посочува дека затворската полиција реагирала на времено при што не е дозволено затвореникот да се здобие со повреди.

„Да, имаше немил настан претходниот викенд кој се случи во штипскиот затвор. Претходниот викенд за време на посета, две лица од надвор кои се браќа на едно осудено лице нападнаа друго осудено лице. Ама затворската полиција реагираше навремено при што не дојде до повреда на осуденикот. Тој е добар и без повреди“ – потенцира Тодоров.

Случајот не е пријавен во полиција додава Тодоров оти инцидентот навремено е спречен.

Лаура Стојанова М-Нет