ОФЛ Тетово: Големот дерби меѓу Ес и Шари, Мергимтари ја предизвикува Ренова

Во недела се играат натпреварите од 7. коло од Општинската фудбалска лига во Тетово односно Четврта лига.

Ова рунда носи неколку дерби натпревари каде трите бодови ќе бидат повеќе од важни. Во Брвеница Вардар 2022 ќе се соочи со Јехона во натпревар каде домашниот тим ќе ја има улогата на фаворит, Руфеја 93 дома ќе игра со Беса од Челопек во израмнет меч каде трите бодови ќе бидат императив и за двете страни.

„Фенерџијата“ Или на домашен терен ќе игра против Пирок и ќе атакува на прва сезонска победа, но воопшто и за први сезонски бодови.

Големо дерби ќе се одигра во Камењане каде ќе се соочат Ес и Шари, дерби на четвртопласираниот домаќин и третопласираниот гостин. Трите бодови се повеќе од важни, а Ес е во позиција од каде може серизно да го напаѓа врвот

Шари е трет со 11 бодови, а пак Ес е четврти со 10 бодови, но има меч помалку, па доколку биде перфектен, тогаш сериозно ќе се заканува да го освојува првото место.

Лидерот Велазерими на домашен терен ќе го пречека составот на Скендербеу во натпревар каде домаќинот ќе биде голем фаворит за трите бодови и продолжува на победничката низа.

Претпоследниот Мергимтари ќе атакува на втора сезонска победа против некогашниот прволигаш Ренова. По една година пауза екипата на Ренова се врати на фудбалската карта започнувајќи ја својата мисија за враќање во „елитата“ од Оштинската лига, а сега „гипсарите“ се натпреваруваат со младински играчи и по шест кола се наоѓаат на осмото место со 7 бодови на своето конто.