Младинската екипа на третолигашот Врапчиште на пријателски меч со Фенербахче

Младинската екипа на третолигаш Врапчиште пристигна во Истанбул, а на турско тло ќе одигра пријателски меч со младинскиот тим на Фенербахче како еден од најголемите клубови во Турција.

Врапчиште спроведува проекти и заеднички активности со многу клубови и проекти од Македонија и странство, а еден од нив е и натпревар кој е закажан за во недела.

Младинските екипи до 12 години на Фенербахче и Врапчиште пријателскиот натпревар ќе го одиграа на стадионот „Фикиртепе Кадикој“ на 5. ноември (недела).

„Во согласност со нашата визија како Фудбалски клуб Врапчиште-1958 и нашата Академија, спроведуваме проекти и заеднички активности со многу клубови и организации од нашата држава и од странство. Во овој контекст, нашата младинска екипа до 12 години ќе одигра пријателски натпревар со младинскиот тим на Фенербахче како еден од најголемите клубови во Турција, во стадионот Фикиртепе Кадикој на 5 ноември 2023 година (недела)“, се вели во соопштението на ФК Врапчиште.