Што сработи локалната власт во Карбинци за две години? – препирки меѓу власта и опозицијата

За две години неспособната локална власт во Карбинци потроши повеќе од два милиони евра на сомнителни тендери, – констатираа денеска преку писмено соопштение од ОО на СДСМ Карбинци. Од таму додаваат дека проектите не можат да се завршат, а тековното одржување на постоечките објекти се прикажуваат како капитални инвестици.

Неспособната локална власт во Карбинци предводена од Виктор Паунов за две години потроши повеќе од 2 милиони евра на сомнителни тендери и договори по цени неколку пати повисоки од реалните-пазарните. Овие милионски суми од општинскиот буџет најчесто завршуваат во фирми блиски до партијата ВМРО-ДПМНЕ и фамилијата.

За две години ова неспособна локална власт сеуште неможе да ги заврши и стави во употреба проектите за кој беа обезбедени средства и кој беа започнати со градба во претходниот мандат Филтер станица со распределителни цевководи и пристапен пат, Регионален водоснабдителен систем Плачковица, реконструкција на локален пат Таринци-Долни Балван и многу други проекти за кој има обезбедени средства од централниот буџет. За две години реконструкцијата, санацијата и тековното одржување на веќе постоечките објекти се обидуват во јавноста да го прикажат како Капитални инвестиции, потценувајки ги жителите на Општина Карбинци. Жителите на општина Карбинци се изневерени, излажани, изманипиулирани од една ненародна, расипничка и недомаќинска локална власт.“ – стои во реакцијата од СДСМ.

За 2 години локална власт разликата во развојот на општината во однос на неспособните од СДСМ е огромна. – врати градоначалникот Паунов.

„За 2 години се направија улици, водоводи, канализации, се градат училишта, спортски и детски игралишта, се започнаа големи капитални проекти проекти кои за СДС беа невозможна мисија. Реализацијата на програмата и решавањето на проблемите за оваа локална власт е приоритет. За потсетување во 2 години локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ нема потрошено ниту денар за репрезентации и луксузни патувања, кафеани, службени телефони или било какви други недомаќински трошоци за разлика во минатото кога илијадници евра народни пари беа потрошени по ресторантите и во личните потреби на тогашната СДС локална банда.“ -стои во писмениот одговор на Паунов.

Лаура Стојанова М-Нет