Со пригодна манифестација се одбележа патрон празникот на СОУ „Димитар Мирасчиев“ Штип

Со изведба на химната, рецитал, изложба и богата пригодна манифестација штипското средно текстилно училиште го чествуваше својот патрон празник. Учениците и наставниците беа дел од програмата, дизајнираа и изработија модели, а настанот го збогатија дечињата од детската градинка Вера Циривири Трена.

„Чествувањето на патрониот празник е потсетување на дел од нашето минато. Со одбележување на патрониот празник ние ја негуваме традицијата. Сите ученици се вклучени во креирање и изработка на модни креации на темата есенска идила. Тие заедно со своите наставници дизејнираа и креираа и изработија модели за дечињата од детската градинка Вера Циривири Трена кои денеска го збогатија нашиот настан заедно со учениците од нашето училиште“ – вели Варадиновска.

Во оваа прилика директорката посочи дека знаењето треба постојано да се надоградува со цел да се срушат бариерите на непознатото. Ги охрабри сегашните и идни ученици да го следат својот сон.

„Ја користам оваа прилика да и порачам на сите сегашни и идни наши ученици да да го надградуваме разумот и духот, рушејќи ги бариерите на непознатото бидејќи нема граници за осознавање.“ – додаде Варадиновска.

Димитар Мирасчиев е роден 10 август 1882 година во Штип во семејство на кројачот Пане и неговата сопруга Софија. Детството го поминува на улиците на Исарот. Основното образование го завршува во тогашното училиште Свети Кирил и Методиј, а средното го продолжува восолунската гимназија. Студиите по хемија ги завршува на софискиот факултет Свети Климент Охридски.

Лаура Стојанова М-Нет