
Жителите од штипски Караорман денеска со возила и механизација го блокираа патот кон река Брегалница за да не можат камиони да носат песок од реката. Револтирани велат нивите им се уништени, реката пропаѓа, а се намалува и водата за пиење. Бараат да се приспитаат дозволите со кој од ова место веќе подолго време се црпи песокот.
„Денеска се собрани да го искажеме својот револт заради исцрпувањето на песокот од реката Брегалница. Уништија ни ги нивите, пропадна реката, имаме пумпи ама снемува вода. Реката е падната неколку метри надолу. Јас не знам со која дозвола го црпат песокот. “ – вели Паунов.
На протестот денеска поддршка дадоа и од политичката парија Левица Штип. Посочуваат дека согласно договорот треба да се уреди коритото на река Брегалница, а не да се вади песокот од реката за приватни цели.
„Јас го имам договорот кој е склучен за уредување на речно корито. Ова е се само уредување на речно корито не. Пишува тука дека песокот кој се вади од реката треба да остане на парцелата, а тој се вади. Исто пишува дека на секое уредување треба да се известат граѓаните, а овие луѓе тука не знаат ништо.“ – додава Михајловски.
Вакви протести имаше неколку пати до сега, но граѓаните велат дека на виделеина решение нема. Децидни се дека неможат уште половина година да гледаат како нивите им се унишуваат, а реката ја снемува. Апелираат одлуките да се преиспитаат, или протестите ќе зачестат.
Лаура Стојанова М-Нет