Воска преку пенали ја исфрли Струга, Работнички со голем пресврт ја откажа Шкендија од Купот

фото: ФК Работнички

Воска Спорт и Работнички направија големи изненадувања во осминафиналето од Купот на Македонија и обезбедија следна фаза.

Охридскиот прволигаш на „Билјанини Извори“ играше со Струга Трим Лум во меч кој во регуларниот дел заврши без погодоци (0:0), па натпреварот се решаваше во пенал-рулетот каде повеќе среќа имаше Воска Спорт.

Во пенал серијата за Воска Спорт прв погоди искусниот голгетер Алекса Марушиќ, а пак за Струга сигурен беше Марјан Радески. Во втората серија Никола Стијеповиќ беше сигурен, а кај Струга не реализираше Ард Касами. Во третата серија Јован Николиќ постигна гол за 3:1 во серијата, а Бесмир Бојки не реализираше и со тоа Воска Спорт обезбеди следна фаза.

Работнички направи вистинска сензација откако со голем пресврт (3:2) ја откажа Шкендија од понатамошен пласман во Купот на Македонија. Влатко Стојановски во 9. минута постигна гол за рано водство на „романтичарите“ од 1:0 на терот на ФФМ. Шкендија брзо израмни откако Клисман Цаке во 17. минута постигна гол за 1:1, а пред крајот на првиот дел Дашмир Елези постигна гол за 1:2 и комплетен пресврт на резултатот во полна на Шкендија.

На полувреме тетовци имаа предност од 1:2, но на стартот од вториот дел Гандо постигна гол и израмни на 2:2 во 48. минута, а пак Атдхе Мазари во 59. минута стралеша за пресврт и конечните 3:2.

Алтин Алији е херојот за Македонија ЃП, откако бранителот на Куп-трофејот со минимални 0:1 го доби Вардар на „Борис Трајковски“ во Маџари за следна фаза од Купот.

Голот беше постигнат во 63. минута со што „лавовите“ ја продолжуваат борбата за Купот за одбрана на титулата.