Едукативна граѓанска трибина за розов октомври организираше Форумот на жени при СДСМ – Штип

За важноста од превенција и рано детектирање на ракот на дојка вчера се дискутираше на едукативната граѓанска трибина која ја организираше Форумот на жени при ОО СДСМ Штип. По повод розов октомври – месец посветен на борбата со ракот на дојка на едукативната трибина се обратија еминетни доктори од јавното здравство. Д-р Маја Манолева, д-р Ален Георгијев и д-р Марија Карколевска-Илова зборуваа за важноста од рано детектирање, превенција, фактори на ризик за појава на рак на дојката, здрав начин на исхрана и живот со цел подобрување на квалитетот на животот. Воедно, јавноста се информираше и за медицински испитувања и апаратура кои ги посетува Клиничката болница во Штип, каде секоја жена може да биде упатена при најмал сомнеж од опасноста за постоење на обаа болест, како и биолошки терапии и поддршка за жените кои се борат со оваа болест.

Трибината беше и од хуманитарен карактер, а собраните средства ќе бидат наменети за жените кои се во процес на лекување на ракот на дојка. Од Форумот на жени посочуваат дека и во иднина ќе се организираат вакви трибини со цел обезбедување здрави практики за жените во нашето општество.

Ребека Спасова М-Нет