Масовно пензионерите го користат градскиот первоз во Штип, втор петок за нив е бесплатно

Втор пазарен петок во Штип пензионерите бесплатно го користат општинскиот линиски превоз. Пензионерите масовно и денеска го користеа градскиот превоз, а на линија од населба Баби до Теговскиот центар се возеше и директорот на ЈП „Стипион“ Панче Стефановски. За М-Нет телевизија вели дека реакциите од страна на граѓаните се позитивни, превозот се користи додавајќи дека ќе се работи да се задоволат потребите на граѓаните.

„Денес бев дел од линијата од населба Баби до Трговскиот центар. Можам да кажам дека пензионерите масовно и граѓаните го користат општинскиот линиски превоз. Во разговор со граѓаните во текот на возењето добивме позитивни реакции, добивме сугестии за кои ќе размислиме да ги воведиме во перспектива. Граѓаните бараат повеќе термини и повеќе автобуски постројки“ – вели Стефановски.

На пазар, до аптека, да извадат лични документи или да завршат некоја секојдневна обврска. Пензионерите задоволни од ваквата одлука петок да го користат превозот бесплатно.

Во меѓувреме се уште се делат брошури со кои граѓаните ќе може да се информираат со линиите за градскиот превоз. Идејата на ЈП „Стипион“ е секое домаќинство да добие брошура и да ги знае линиите по кои се движат автобусите.

„Јас веќе најавив дека активно ќе делиме брошури во следниот период. Идејата е секое домаќинство во Штип да добие брошура за да ги има потребните информации за општинскиот линиски превоз.“ – додава Стефановски.

Градскиот линиски превоз во Штип се движи на неколку локации до подалечните приградски населби, како и меѓуопштински до Општина Карбинци.

Лаура Стојанова М-Нет