
Денес беа одиграни натпреварите од 5. коло од Трета лига – Исток.
Во Пирава и Виница немаше победници.
Ударник и лидерот Вардарски ремизираа играјќи 1:1 во локалното дерби. Тенекеџиев во 21. минута обезбеди предност за домашниот тим, а Пеев во 45. минута ги постави конечните 1:1.
Ланскиот второлигаш Слога ремизираше со Овче Поле на домашен терен играјќи 1:1. Илиев со гол во 11. минута обезбеди водство за домашниот тим, а пак Нацев во 26. минута стрелаше за конечни 1:1.
Малеш со 2:1 дома го доби Карбинци со головите на Халитов и Каракутовски, а пак за гостите погоди Адемов.
Дојранско Езеро со голот на Маринковиќ во 75. минута го доби Рудар со минимални 1:0.

