Милевски и Барди: Важен меч за нас, имаме мотивација и желба за „одмазда“ и три бода со Украина!

Селекциите на Македонија и Украина во овие моменти ја одржуваат прес-конференцијата пред утрешното соочување на „Епет Арената“ во Прага, каде ќе го одиграат квалификацискиот натпревар за ЕП.

Утре се игра важен меч за нашата селекција откако во Скопје загубиме со 2:3 од Украина иако на полувреме имавме 2:0, па сега момците на Благоја Милевски имаат желба за „одмазда“ и освојување на треите бодови.

„За Украина не треба да се трошат многу зборови, станува збор за селекција која има играчи кои играат во одлични клубовите. Ние многу пати покажа дека може да бидеме конкурентни и со противници како Украина. Ме радува нашата форма од септември и се надевам дека истата ќе ја задржиме и утрешниот натпревар да биде различен од тој во Скопје. И ние и Украина се бориме за второто место, па утрешниот натпревар е многу важен и за нас и за нив. Очекувам отворен натпревар со допадлив фудбал. Мора да бидеме пофокусирани за време на сите 90 минути, а не само 60-65 како што беше во Скопје. Во составот нема да биде само Зајков кој се повреди, сите останати фудбалери се здрави. Нашиот утрешен противник во својот ростер има голем број на исклучително квалитетни играчи“, рече селекторот Милевски.

Капитенот Енис Барди смета дека утре нè неизвесен, возбудлив и израмнет натпревар каде и двете селекции ќе атакуваат на трите бодови.

„Украина е многу квалитетна репрезентација, со играчи кои имаат голем квалитет. Нашиот фокус е само на нашиот тим. Разговараме и правиме анализи за нашите слаби страни и како истите да ги подобриме. Репрезентативниот дрес е силен мотив за нас. Со Украина играме уште еден важен натпревар за нас, па сакаме позитивен резултат. Мислам дека на првиот натпревар во Скопје имавме падови на концентрацијата, во некои ситници кои може да се казнат. Сите ќе преземеме одговорност, знаеме колку ни значи и без притисок не може да се игра“, изјави Барди.

Украина и Македонија ќе играат утре на „Епет Арената“ во Прага со почеток од 15 часот во меч каде трите бодови може да ни ја отворат вратата за нов пласман на континенталниот собир.