
Со доделување на плакети и благодарници, дружење и презентирање на проблемите, придобивките и недостатоците со кои се соочуваат слепите лица се одбележа Денот на белиот стап 15 октомври. Денеска во просториите на здружението во Штип, претседателот Драги Витанов посочи дека поголем дел од недостатоците се веќе надминати со што може полесно да функционираат и овие лица. Дециден е дека треба да се поработи дополнително на инфрастуктурата.
„Градскиот превоз слепите лица да го корситат бесплатно, со своите придружници. Друга една работа е продолжување на дислоцирање на вертикалните знаци кои се поставени на тротоарите и ни прави проблем на сите.“ – вели Витанов.
Поголем дел од слепите лица имаат и лични асистени со што им се олеснува начинот на живот. Од Црвен крст Штип посочија дека нареднииот период ќе се објави нов конкурс за обука на лични асистенти за лицата со попречености.
„Голем број на слепи лица кои ја користат таа бенифиција имаат асистенти и и е олеснет животот. “
На настанот Општина Штип му додели ваучер од 15 илјади денари на здружението на слепи лица Штип. Градоначалникот Јорданов посочи дека се работи на прилагодување на инфрастуктурата во градот за потребите на овие лица.

„Наплатата од страна на ЈП Исар по однос на вода, дополнително разговаравме неколкупати до сега се трудиме да ја пролагодиме инфраструктурата на потребите на слепите лица.“ – посочи Јорданов.
Во оваа прилика Јорданов додаде дека соработката на Општина со здружението продолжува и во иднина со цел да се олесни начинот на живот на лицата со оштетен вид.
Лаура Стојанова М-Нет