Преку ноќ „скокнаа“ цените на ајварскиот пипер и корнишоните, поскапи се за 10 до 20 денари

Преку ноќ ајварскиот пипер и корнишоните добија нови повисоки цени. За 10 до 15 денари за килограм „скокна“ цената на црвениот пипер па ако вчера можеше да се надјде по цена од 30 до 45 денари, денеска на пазарот во Штип се продаваше по цена од 40 до 60 денари. Речиси идентична е ситуацијата и со корнишоните кои се продаваа по цена од 50 до 70 денари за килограм или за 10 до 20 денари повеќе од вчера. Продавачите велат поизводството се намалува па стои можноста овие цени допонително да одат нагоре.

„Има од сабајле нова цена ново покачување, синоќа беше 45 денари за килограм денеска е од 50 до 60 денари за килограм. Има извоз за Косово и Украина целата роба оди натаму. Исто корнишоните минатата недела беа 50 денари сега се 70. Морковот 50 денари реална цена.“ – велат продавачите.

Скапа нафта, кеси, ѓубре затоа се високи и цените на производите велат продавачите на пазарот во Штип. Свесни дека граѓаните немаат пари, ама велат ако има повеќе земјоделци ќе има повеќе производство а со тоа и поциски цени.

„За граѓаните треба да се врнат на село да работат повеќе да видат како изгледа земјоделие, вака не оди работат. Целиот терет е на нас продавачите оти ништо не можеме да направеме освен културно да измереме колку е, да не крадеме“ – додаваат продавачите.

Купувачите денеска со поделено мислење, за дел цените остануваат високи до плафон, за друг дел се реални и нормали. На ваквата ситуација велат веќе се навикнати.

Денешниот пазарен ден во Штип беше доволно раздвижен и со задоволителна побарувачка според продавачите. Производите за зимница и сезонското овошје сеуште најбарани.

Лаура Стојанова М-Нет