
Викендот на програмата се натпреварите од 8. коло од Втората македонска фудбалска лига, а гледачите на телевизија М Нет ќе имаат можност да уживаат во дербито на Истокот меѓу Осогово и Каменица Саса преку директен пренос.
Дерби за престиж и дерби за прогрес на табелата и излез од опасната зона. Двете екипи не тргнаа според очекуваното на стартот од новата сезона, со тоа што „жетварите“ по пет порази врзаа две победи и направија мал прогрес на табелата, а пак Саса во претходното коло стигна до прво сезонско славје.
Трите бодови се императив и за едните и за другите во борбата за директен и сигурен опстанок во Втората лига.
Преносот на телевизија М Нет е закажан за во сабота со почеток од 14 часот.