Исправна судиската одлука за поништување на голот на Брегалница во натпреварот со Вардар

На натпреварот  ФК Брегалница – ФК Вардар одигран на 01.10.2023 година, анализирани се ситуациите од 54. и 90+3 минута.

Главен судија: Стојан Трпчевски; Помошни судии: Слаѓан Марковски и Дарко Јовчевски; 

54. минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (досуден слободен удар пред линијата на шеснаесетникот на гостинската екипа)

Играч на домашната екипа беше во посед на топка пред шеснаесетникот  на гостинската екипа, гостинскиот играч сакајќи да ја избие топката  направи недозволен старт (на ногата на противникот) пред самата линија од шеснаесетникот .

Исправна одлука на главниот судија, досуден слободен удар за домашната екипа поради недозволен старт на играч на гостите над противнички играч.

Главниот судија беше добро поставен, со јасна прегледност на ситуацијата и донесе одлична одлука досудувајќи слободен удар.

90+3 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА И СОРАБОТКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА И ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (поништен гол за домашната екипа поради офсајд позиција при резултат 0:0)

Центрирана топка во шеснаесетникот на гостинската екипа, голманот на гостите кратко ја одби топката која удри во телото на домашен играч и истата дојде до друг играч од екипата на домаќините, кој во моментот кога топката се одби од телото на неговиот соиграч се наоѓаше во очигледна недозволена офсајд позиција (зад претпоследниот играч од одбраната на гостите)

Исправна одлука и одлична соработка на главниот судија со вториот помошен судија, голот беше исправно поништен поради офсајд позиција, бидејќи топката кога се одби од телото на играчот на домаќините, неговиот соиграч се наоѓаше во очигледна офсајд позиција (зад претпоследниот играч од одбраната на гостите).