
Со игри на отворено во детското игралиште во населбата Осми Ноември, дечињата од Детската градинка Астибо Штип го одбележаа детското право на спорт, а во склоп на Неделата на детето. Различни игри, насмеани дечиња и задоволни родители беше сликата на детското игалиште утринава. Директорот на градинката Астиво посочи дека се негуваат сите права на децата, особено правото на спрот.
„Детеската градинка Астибо по повод недела на детето организира активност по повод правото на детето на спорт, а активноста се вика „Ајде сите во парк“. Во оваа активност се вклучени сите дечиња од големите и средни групи и нивните родители. Ова се прави во сите клонови и исте населби, денес сме во населба Осми Ноември.“ – вели Митров.
Освен оваа активност, во текот на целата недела децата се вклучени во настани со цел да ја одбележат неделата на детето. Активности има во доменто на културата, музиката, спортот.
„Имаме различни активности, иамше куклени престави, имавме активности од областа на музиката, кулрутата, спортот“ – вели Митров.

Светската недела на детето се одбележува секоја година првата недела од месец октомври. Ова е недела кога интезивно се зборува за правата на децата, а овие денови служат да бидат поттик за посериозно и попосветено продолжување со активностите за подобрување на состојбата со правата на децата. Вложувањето во децата е вложување во иднината, тие имаат право да живеат во демократски хумано општество, да се воспитуваат и да учат со цел да се надоградуваат и добро да се подготват за предизвиците во животот.
Лаура Стојанова М-Нет