Наместо 3500 денари сега бараат 5000 денари, штипските пензионери не се откажуваат од барањата

Штиспксите пенизионери не се откажуваат од барањата за линеарно покачување на пензиите, ама сега наместо 3500 денари бараат 5000 денари. Тешката социјална положба во која се наоѓаат како што велат за првпат во историјата на државата ги изнесе на улица за да си ги бараат своите права.

„Ќе продолжиме со протестите и ќе бараме и понатаму линеарно покачување на пензиите ама сега не за 3500 денари туку за 5000 денари, а зошто – затоа што инфлацијата си го зема данокот, цените од 5 и 8 денари не ја менуваат нашата социјална положба.“ – вели Арсовска.

Прашуваат како може да се наруши стабилноста на фондот ако има линеарно зголемување на пензиите од 3500 денари, а не се наруши стабилноста на Буџетот со покачувањето на платите на функционерите од 78%.

„Немаме достоинствени пензии кои ќе ни бидат доволни за достоинствен живот, сакаме да си го земе секој она што му припаѓа. Ако направиме споредба 5.3% со вашите 78% – за ленарно ќе се наруши стабилноста на фондот, а со вашето покачување од 78% не се нарушува стабилноста на Буџетот.??? “

За крај пензионерите ја поканија министерката Тренчевска на пениознерска сарма со листови и ориз оти со 700 денари нема пари за месо.

„Да ве поканам на денешниот ручек на денешните пензионери. Денес имаме пензионерска сарма само листови и ориз со 700 денари“ – додава Арсовска.

Наредниот протест на штипските пенизонери е закажан на н11 октомври со почеток во 10 часот, а потоа ќе следува и голем масовен протест во Скопје пред Влада.

Лаура Стојанова М-Нет