Башкими остана без тренер – Флурим Имери си поднесе оставка по поразот во Радовиш

Башкими по денешниот дебакл во Радовиш остана без тренер, откако Флурим Имери си поднесе оставка по високиот пораз од 7:0 од екипата на Детонит Плачковица.

Имери не чекаше многу, уште на Градскиот стадион во Радовиш ја поднесе своја оставка, која форма ќе ја соопшти на управата по пристигањето во Куманово вечерва.

„Немам коментар за денешниот натпревар. Оставката ја размислував и порано. Им благодарам на навивачите на Башкими за поддршката, како и на играчите. Од денеска не сум повеќе тренер на Башкими, кога ќе се вратиме во Куманово одлуката за мојата оставка ќе им ја соопштам и на управата на клубот. Толку може да ви кажам во овој момент“, рече Имери по завршувањето на натпреварот во Радовиш за Опен ТВ.

Башкими по седум кола во Втората лига има скор од 3 порази едно реми и три бодови, со девет бодови се наоѓа на деветтото место на табелата.