Тротоарските површини од двете страна на ул. Лески во населба Баби ќе добијат павер елементи

Со павер елементи ќе се уредат тротоарите во штипската населба Баби. Во наредните неколку дена целосно треба да заврши третирањето на тротоарите од двете страни на улицата Лески. На тој начин се одговар на едно долгогодишно барање на жителите од оваа населба. Со ова се работи и на зголемување на безбедноста на пешаците пред се на децата, оти улицата води од детската градинка до ОУ „Славејко Арсов“.

„Се наоѓаме во населбата Баби. Од денес па во наредните денови се започнува со третирање на тротоарските површини на улица Лески. Оваа улица води од детската градинка во населбата Баби до ОУ „Славејко Арсов“. Од двете страни тротоарските површини ќе бидат истретирани. Ова е долгогодишно барање на жителите.“ – вели Јорданов.

Уредувањето на тротоарските површини во населба Баби е инвестиција вредна околу два милиони денари пари кои се обезбедуваат од општинската каса.

„Вкупната површина која ќе биде третирана е 2000 метири квадратни и ќе чини околу 2 милиони денари.“ – додаде Јорданов.

Јорданов потенцираше дека активностите на терен продолжуваат и во наредните денови се додека дозволуваат временски услови. На тој начин се работи на остварување на проектите на Локалната власт ама се работи и на оставарување на барањата на граѓаните.

Лаура Стојанова М-Нет