Во сабота во живо на М Нет Спорт: Детонит Плачковица – Башкими

Викендот на програмата се натпреварите од 7. коло од Втората македонска фудбалска лига, а гледачите на телевизија М Нет преку спортскиот канал М Нет Спорт ќе имаат ексклузивна можност да го проследат во живо натпреварот меѓу Детонит Плачковица и Башкими кој се игра на Градскиот стадион во Радовиш.

Радовишани како домаќини ќе ја имаат улогата на фаворит, имаат и подобра форма во однос на нивниот противник од Куманово. Детонит Плачковица по одличниот старт во претходното коло забележа висок пораз од Тетекс во Тетово, додека пак од друга страна Башкими тргна одлично во новата сезона, потоа нанижа два порази, а во претходното коло забележа реми со Саса.

Победата и трите бодови се императив и за двете страни. Детонит Плачковица сака триумф со цел да продолжи по победничките патеки, а Башкими сака триумф со цел да може да излезе од мини резултатската криза.

Натпреварот се игра во сабота, а преносот на спортскиот канал на телевизија М Нет е закажан за во 14 часот.