Во недела по 4. пат ќе се организира Јуручки фестивал во село Радање

Во недела во карбинското село Радање по 4. пат ќе се одржи Јуручкиот фестивал. Настанот е од меѓународен карактер, ќе присуствуваат гости од државата и странство, а подготвена е и богата музичко забавна програма.

„Во недела ќе иамме турски настан во село Радање „Јуручки фестивал“, 4. пат по ред Меѓународен фестивал кој ќе се одржи. Ќе има музичка програма, пеачи од Турција, игри – влечење со јаже.“ – вели Јакуп.

Во оваа прилика организаторот ги покани граѓани од цела држава без разлика на националноста да бидат дел од фестивалот и да уживаат во подготвената програма.

„Ги повикувам сите граѓани да ни дојдат на настанот „Јуручки фестивал“. Се надевам дека традицијата ќе продолжи и понатаму“- додава Јакуп.

Овој фестивал се одржува 4. пат по ред со тенденција да прерасне во традиција која ќе се практикуват и во наредните години.

Лаура Стојанова М-Нет