
Трета година по ред во Кочани се организираше велосипедската тура По патеките на оризот, а во склоп на одбележувањето на Меѓународниот ден без автомобили. Граѓани, љубители на велосипедот, рекреативци, членови на спортски и велосипедски здруженија вчера возеа велосипед на релација Кочани – Горни Подлог – Мојанци – Грдовци – Кочани. Возеше и градоначалникот Љупчо Папазов кој истакна дека се вложува во инфраструктурата во градот за да може велосипедистите безбедно да се движат по улицте во Кочани.
„Општина Кочани трета година по ред ја организира велосипедската тура По патеките на оризот.Со ова даваме предност на велосипедот како превозно средство.“ – вели Папазов.
На настанот се вклучија и Ротари клуб Кочани – Виница. Претседателот истакна дека преку проектите се работи на подобрување на патеките кои ги користат велосипедистите.
„Сите постоечки патеки кои велосипедистите ги користат ги ставаме на дигитална платформа која ќе послужи да се внесат на веб страните на општините. Сакаме да ја промовираме нашата котлина како место на рекреација,.“ – вели Наков.
Со велосипедската тура „По патеката на оризот“, Општина Кочани се вклучува во одбележувањето на Европската недела на мобилност и го поттикнува користењето на превозните средства што не ја загадуваат животната средина.
Лаура Стојанова М-Нет