
Одлична манифестација, бенифит за градот од неколку аспекти, можност да се избега од секојдневието и добра заваба пред се – вака граѓаните ја оценија Пастамлијада 2023. Домаќините, ама и гостите од државата и странство задоволни од организацијата велат треба да продолжи да се негува и во наредните години.
„Секоја година доаѓаме овде во Штип на пастрмлија, се е убаво ми се допаѓа“
Масовна посетеност бележи првата вечер од опвогодинешното издание на оваа манифестација. Со иста енергија, уште поголема посетеност и многу изедени пастрмајлии, градоначалникот Иван Јорданов ги повика граѓаните да уживаат и вечерва.
„Особена чест и задоволство и прекрасно е чувство да се присуствува и да сее започне најмасовната, најзабавната манифестација Пастрамалијада 2023. Посакувам да има многу забава,многу гости,многу изедени пастрамајлии“ – вели Јорданов.
За првпат во Штип и за првпат на пастрмалијадата беше и заменик Амбасадорот на Велика Британија. Воздбудата не ја сокри пред објективот на камерите од каде посочи дека традицијата треба да се негува.
„Ова ми е првпат што сум овде во Штип и сум многу возбуденн што сум овде. Многу возбуден што првпат пробав пастрамајлија. Мојот град Манчестрер и Штип се градови кои ја негуваат традицијата и заедничко е текстилната индустрија. Интересно е да се научи нешто повеќе за тоа и сакам да се заблагодарам на градоначалникот и на градот што ме поканија да бидам овде“ – додава Роудс.

И оваа година манифестацијата се отвори со сечење на џиновската пастрмајлија, а присутните потоа уживаа во музичката програма.
Манифестацијата продолжува и вечер кога ќесе одржи натпреварот во брзо јадење, како и подготвената музичка програма.
Лаура Стојанова М-Нет