Лични предмети и облека на Тоше Проески утре ќе бидат изложени во штипскиот Дом на култура

Облека од Евровизија, омилената бела гитара, лични предмети и облека на Тоше Проески утре ќе бидат изложени во штипскиот Дом на култура. Настанот е со почеток од 11 часот, па сите граѓани ќе имаат можност да присуствуваат на изложбата и одблизу да ги видат личните и омилени предмети на Проевски. Караванот е под мотото „Тоше за овој свет“ кој се одбележува јубилејно 20. пат по ред.

„Во организација сме со спомен куќата Тодор Проески од Крушево и можам да кажам дека навистина ми е драго што за првпат ќе бидат изнесени поставките на Тоше Проески ќе бидат донесени во Штип, токму кај нас. Луѓето ќе имаат можност да присуствуваат да овој големи прекрасен настан. Станува збор за караван под мотото „Тоше за овој свет“ бидејќи се одбележува 20 години од постоењето како Тоше е нагласен за најмлад амбасадор почнувајќи од 2003 и 2004 година“ – вели Стојковска.

Организаторите во оваа прилика ги повикаа граѓаните да бидат дел од изложбата на која ќе се престават лични предмети од Тоше Проески, а настанот ќе биде збогатен и со музичко уметничка програма.

Лаура Стојанова М-Нет