Речиси 50 дечиња цртаа на тема „Срцето е храм на љубовта“, делата ќе се донираат на КБ Штип

49 дечиња своите визии и идеи за срцето ги преточија на лист хартија. На тема „Срцето е храм на љубовта“ децата создаваа цртежи кои вчеравечер беа изложени во штипскиот Безистен. Овие слики понатаму ќе ги красат ѕидовите на штипската Клиничка болница.

„Нема ништо поимагинарно и пофлуентно од детската чиста душа и идеја. Од овде дојде идејата нашите дечиња од Штип со нивната имагинација да направат пејсажи, портрети на срце. Како тие го замислуваат срцето – за пациентот после операција, интервенција да не гледа во бел ѕид туку да гледа во една искрена душа.“ – вели Николов.

Различни техники, различен материјал но иста и единствена цел слика на која децата ја прставија својата имагинација за тоа како го замислуваат срцето. На сликите се работеше еден месец, а идејата беше преставена и со задоволство прифатена од самите уметници.

„49 деца – овде има некаде околу 60 слики тоа е цртеж, водени бои, темперни, мрсни бои, пастел, има повеќе техники и повеќе слики кои ги добиваме. Децата се на возраст од пет па до 14 години. “ – вели Минов.

Ваква изложба се прави за првпат, преку која децата цртаа, а ѕидовите во Клиничката болница Штип добиваат боја.

Лаура Стојанова М-Нет