
Седум лица извршиле десет кражби, од кои седум тешки, на подрачјето на Штип, а во период од седум месеца. Полициски службеници од штипскиот Сектор за внатрешни работи ги расчистиле кривичните дела, чии сторители се лица на возраст од 18 до 40 години.
„По преземени оперативни мерки и активности, полициски службеници од Отсекот за општ криминал при СВР Штип расчистија седум кривични дела „тешка кражба“ и три кривични дела „кражба“, извршени на подрачјето на град Штип од викенд-куќи, куќи и возила, во периодот од јануари до јули годинава. Поради постоење основи на сомнение дека ги извршиле кривичните дела, лишени се од слобода осум лица на возраст од 18 до 40 години, од кои пет од Штип и по едно од Кочани, Радовиш и Струмица, инаку познати сторители на кривични дела од областа на имотни деликти. Во службен разговор, воден во Полициска станица – Штип, тие ги признале кривичните дела. Поголем дел од украдените предмети биле пронајдени, одземени и вратени на оштетените граѓани“, вели Гордана Панајотова, портпарол на СВР Штип.
По целосно комплетирање и документирање на кривично-правните настани, велат од СВР Штип, против лицата ќе бидат поднесени кривични пријави.
Ребека Спасова М-Нет