
Денеска во Кристалната сала на Собранието, Одборот за доделување на државната награда „8 Септември“ ги врачи наградите за највисоко признание за животно дело и признание за спортисти, тренери (селектори и тренери) и спортски работници за остварувања во областа на спортот за 2023 година.
Дејан Богданов е овогодинешниот добитник на наградата за животно дело за исклучителен придонес во развојот на спортот, афирмацијата и промоцијата на Република Северна Македонија на меѓународен план.
Додека наградите со кои што се оддава признание на спортисти, тренери (селектори и тренери) и спортски работници за остварувања во областа на спортот им се доделуваат на: Елизабета Божиновска Вучкова, Назми Али, Златко Калински, Санде Коцев.