Штипјанецот Иван Николов херој – Македонија У-21 со голема победа над фаворитот Шведска

Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година забележа голема победа на стартот на квалификациите за Европското првенство за младинци, откако во првото коло беше совладан големиот фаворит Шведска У-21 со минимални 0:1 кој воедно е и еден од фаворитите за првите две места кои водат на континенталниот собир.

Единствениот гол падна во 7. минута, а херој на мечот за македонската репрезентација беше штипјанецот Иван Николов.

Голем удел во победата на Македонија У-21 има и голманот на Брера Струмица, Марко Алчевски, кој во неколку наврати имаше добри интервенции при обидите на противникот. 

За Македонија оваа е голема победа, а за Шведска голем шок.

Во вториот меч од квалификациите, во вторник, на 12 септември, Македонија ја пречекува репрезентацијата на Холандија. Натпреварот ќе се одигра на тренинг центарот „Петар Милошевски”, со почеток во 15:30 часот.