Пелистер се засили со Ѓорѓи Танушев

Битолскиот второлигаш Пелистер го промовираше Ѓорѓи Танушев како “старо-нов” играч, кој по две години повторно се враќа во редовите кај ,,зелено-бели”.

Танушев потекнува од школата на Беласица, а во својата кариера настапуваше и за Гостивар, Силекс, Пелистер, Брера Струмица, велешки Борец, Брегалница, Хоризонт Турново и Беласица од каде и потекнува, додека пак во Србија беше дел од екипите на Колубара, Пролетер, Слобода Ужице и Борча.

Ѓорги Танушев во својата карирта за Пелистер настапуваше во сезоната 2020/21.
По четири кола Пелистер е трет на табелата со 10 бода, а во рамки на 5. коло ќе игра со Кожуф во Гевгелија.