
Комисијата за надзор на функционалноста на АКМИС утврди пропусти по направените надзори во судовите во Берово, Крушево, Кратово и Куманово.
Нецелосно почитување на законските одредби за исклучување и вклучување како и изземање на судии од АКМИс, недоволен број на судии во помалите судови со основна надлежност, недоволен број на информатичари во судовите, неконтинуирано архивирање на предмети и немање соодветен архивски простор, се чуваат во подруми, нераспишување на огласи за вработување и унапредувања и покрај добиената согласност од страна на поранешни претседатели, а тонското снимање главно не функционира.
Иако според систематизацијата во Судот во Берово се предвидени тројца судии има само еден судија, и тој е делегиран од Кочани. Судијата еден ден суди, другиот ден го пишува предметот. За превоз добива надомест, но бидејќи меѓу Кочани и Берово нема јавен превоз, тој доаѓа со сопствено возило. Со истото возило оди и на увид, затоа што и покрај тоа што имало доделено 15.000 евра за набавка на службено возило, претходната претседателка на судот не набавила. Определени се и 2.000.000 денари за реновирање на зградата, но претходната судијка која е во пензија не ги искористила парите за таа намена, па зградата е со лош покрив, има една судница, нема простории за судиите и адвокатите. Нема соодветно загревање оти нема доволно пари за нафта. Знамето е истакнато на задната страна од зградата. Нема табла на влезот за странки, тонското снимање на функционира, апри дожд се поплавува просторијата каде се чува архивата.
Сепак Комисијата за надзор на функционалноста на АКМИС – от во судовите констатира дека ВД претседателот на судот Дарко Риство, делегиран од Кочани во јули 2022 година, судот го направил ажурен, совладан е заостатокот на нерешни предмети.
Судот нема информатичар, а уписниците ги водат дактилографи, место уписничар, при што се налага дел од дактилографите да бидат промовирани во уписничари.
Во записникот стојат низа препораки за Судиот во Берово. Се препорачува да стартува тонското снимање, да се разгледа проблемот со патните трошоци, да се вработи информатичар.
Со слични проблеми за кои ќе се бара решение се соочуваат и останатите судови во кои е направено надзор.
Лаура Стојанова М-Нет