
Основното училиште „Ванчо Прке“ ја доби согласноста од МОН за целодневен престој на учениците од прво до трето одделение. Директорот Кокан Радев истакна дека во најкраток рок се очекува да се формираат две паралелки, една за прва и една за втора смена со што ќе им се олесни секојдневието на родителите.
„На барање од родители, ние побаравме од министерството согласност за формирање на паралелки за продолжен престој на учениците во нашето училиште. Ја добивме согласноста, понатаму останува да ја запаземе процедурата односно усвојување на годишен план за наставна план и програма, училишен одбор да ја потврди и освет на родители. Воедно апелирам и за стрпливост кај родителите, овој проблем можеби нема да се реши во најбрз рок, но што е можно побргу работиме тековно на проблемот.“ – вели Радев.
Во зависност од заинтересираноста на родителите ќе се знае и бројот на формирани паралелки. Радев посочи дека засега се подготвени да стартуваат со две, а доколку има потреба од зголемување на бројот соодветно ќе се прават адаптации и подготовки.
„Зависи од интересот и зависи од нашата можност. Би сакале тоа да бидат најмалку две паралелки во една и во друга смена, ама тие тековни прашања ќе се решаваат со тек на време.„ – додава Радев.
Продолжен пресој во ООУ „Ванчо Прке“ Штип е на барање на родителите на првачињата кои собираа петиција за да ја добијат оваа услуга. Вакво барање имаше и претходната година, ама не се реализира оти училиштето немаше соодветни простории. Продолжениот престој во училиштето ќе биде беспалтен за учениците.
Лаура Стојанова М-Нет