
Потребна е помош за Лидија Ристевска која боледува од мултиплекс склероза. Ова е нејзиниот апел до хуманите граѓани:
„Драги мои пријатели и хумани луѓе, морам да го споделам мојот пат со вас. Мојата голгота почна во 2019 година, тогаш за првпат бев на трансплантација со матични клетки во Русија и во многу добра состојба се вратив од таму. За жал среќата не беше на моја страна да остана така состојбата, многу настани и други болести не ми дадоја можност да станам. Во моментот е многу лошо, затоа баравме решение насекаде и го најдовме во Кина. Сите извори се исцрпени, ве молиме јас и мојата фамилија да ни помогните финансиски кој колку може и сака. Господ да ве благослови сите! Ви благодариме за поддршката.“