Голем број верници денеска се причестија и се одбележа празникот Преображение Христово

Со голем број верници кои денеска ја посетија градската црква „Свети Никола“ во Штип се одбележа празникот Преображение Христово. Утринава во храмот митрополитот брегалнички господин Иларион одржа Божествена литургија во сослужение со свештеници од брегалничката епархија. Верници – оние кои постеле се пречестија, и испратија пораки за здравје и мир.

„Денешниот ден е добар, за сите треба да веруваме сите и младите и постраите. Треба да се пости, пречествува се. На сите здравје, среќа, прво на младите да се одомат, да не бегаат и да останат со нас“ – велат верниците.

Преображение Христово е празник кој секоја година се слави на 19 август. Ова е еден од осумте големи празници, кога според народното предание во зора почнуваат да се преобразуваат и гора и вода, најавувајќи ја идната есен. На Преображение се преобразува и листот и гората и каменот во водата, листовите почнуваат да жолтеат и да опаѓаат, а водата станува постудена па не е за капење.

поред распространетото верување, на Преображение не е убаво преку ден да се спие, бидејќи кој тој ден поспие, ќе се преобрази, па цела година ќе биде дремлив и поспан. Не е добро овој ден да се плаче, ниту луѓето цел ден да го поминат во кафана. Преображение спаѓа во христовиот пост на кој жените постеле, а овој ден е обичај, никој, без исклучок да не мрси.

Според народното верување тогаш за првпат во годината се бере грозје и се носи во црквата каде што свештеникот по молитвата го благословува.

Во народот постојат повеќе верувања поврзани со овој празник. Поради заладувањето на времето се верува дека на тој ден се преобразува природата. Лисјето на дрвјата почнуваат да венеат, а и водата станува студена поради што на Преображение луѓето за последен пат се бањаат во реките.

Лаура Стојанова М-Нет