
По повод 28 август „Успение на Пресвета Богородица“ и Денот на рударите традиционално во Пробиштип се организира турнир во мал фудбал.
Истиот започна синоќа со четири натпревари, а беа постигнати 18 погодоци за вистинско уживање на публиката.
На воведниот меч екипата на Сити кафе доживеат дебакл од Панови со високи 1:6. Голеадата продолжи и на следните два меча. Cквер загуби убедливо од Амфенол со 0:5, а Булмак го “почасти” Пепси травел со “петарда” (5:0).
На последниот меч екипата на Пинк пантер загуби минимално од Фанги фуд со 0:1.
Вечерва на програмата се ново четири натревари. Во 18 часот Јоцо Брег Транс игра против Железара Бе Ен, еден час подоцна соочување на Амбиент и Але Дар.
Во 20 часот Амфенол ќе игра со Булмак, а во 21 часот вечерта ја затвараат Сити Кафе и Сквер.
Телевизија М Нет е биде медиумски покровител на овој спортски настан кој се одржува во Пробиштип.