
27-годишно момче од виничко е починатото лице, чие тело беше пронајдено кај виничко Истибања во каналот за наводнување од река Брегалница. Безживотното тело на 27-годишниот Ј.Ѓ. беше пронајдено вчера, во 18.13 часот, каj местото викано „Шилковица“, во канал за наводнување од река Брегалница. За лицето претходната вечер било пријавено дека се оддалечил од домот и бил баран од полициските службеници. Телото било извлечено од страна на ТППЕ Виница, а лекар од Итната медицинска помош Виница констатирал смрт без траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител телото на починатитот ќе биде предадено за обдукција.
Ребека Спасова М-Нет