УГД со демант на текст објавен на онлајн медиум

УГД Штип со демант на текст објавен во оналјн медиум. Во текстот се наведува дека повеќе од 30 лекари од приватни клиники незаконски предаваат на Медицинскиот факултет „Гоце Делчев” – Штип .

Во соопштението испратено од УГД стои дека Универзитетот „Гоце Делчев”, преку своите служби, е целосно достапен за медиумите и јавноста.

Секогаш охрабруваме да се консултираат засегнатите страни и така информациите да бидат комплетни, а јавноста целосно информирана.

Универзитет „Гоце Делчев” ги прави сите напори, во рамките на законите, да ги обезбеди најдобрите и најстручните кадри, а само со единствена цел, поквалитетно образование и настава за студентите.