Невремето ги погоди земјоделските производи во кочанско, па продавачите ги покачија цените на пазарот

Дождот ја преполови побарувачката на кочанскиот пазар, а невремето го намали производството и со тоа ги зголеми цените на производите. Продавачите велат – најмногу се бара овошјето, но е и поскапо, бидејќи го има во сѐ помали количини. Градот кој го погоди кочанскиот регион во изминатиов период ги уништи дињите, брокулата, грозјето, па производителите посочуваат дека имаат загуби. Ситуацијата ќе биде и полоша ако не се преземе нешто, додаваат тие, и потврдуваат дека револт кај купувачите има.

Минимални пензии, минимални плати – кочанчани велат примањата на граѓаните се катастрофални. Пазарот е прескап за нивните џебови, ама, велат, и земјоделие е тешко да се работи.

Изутрината пазарот беше со слаба раздвиженост поради дождот кој наврна во регионов, но кочанчани напладне, како и вообичаено, излегоа да ги купат потребните продукти на пазарниот четврток.

Ребека Спасова М-Нет