Кривогаштани 2023: Многу погодоци и високи победи – Тинко 10 ги искина мрежите!

Продолжуваат возбудувањата на турнирот во мал фудбал „Кривогаштани 2023“. Синоќа беа одиграни четири натпревари на кои беа постигнати 16 погодоци што е висок просек, а на задоволство на публиката која уживаше.

Тинко 10 со убедливи 5:1 го декласираше составот на Ватростална, а пак Транспортери беа убедливо поразени со 0:4 од екипата на Долно Српци. Трновци со 0:3 забележа победа над Ваке ап кафе, а пак Ел Електрик со 3:0 беше подобар од Боротино.

Вечерва на програмата се дури пет натпревари, а возбудувањат стартуваат во 20 часот.

Во првиот меч Галичник ќе игра со Назим Транс, 45 минути подоцна Трновци ќе игра со Црнилиште, а во 21:30 часот Галичник ќе се соочи со Мане Мар. Во 22:15 часот Бучин ќе игра со Црн Врв, а во последниот меч од 22:50 ќе гледаме соочување на Фасада Чајник со Вилибар Лажани.

Телевизија М Нет е медумски покровител на овој спортски настан кој се одржува во Кривогаштани.