
Здравје, среќа и радост си посакаа православните христијани денеска. Црквата празнува ден посветен на Св. Петка или Параскева, меѓу народот познат како Св. Петка Летна. Денот е одреден за потсетување на верата во Христа на оваа Римјанка од христијански родители и од детство научена на верата Христова. Таа ги упатувала и другите на патот со помош на вистинската вера и благочестивиот живот, а тоа го правела со голема жар и ревност. Верниците кои ја посетија црквата во штипската населба Сењак ги пренесоа пораките по повод овој ден.

Света Петка била гонета од римските власти за проповедање на верата Христова, а била изведена и на суд, но во верата ни најмалку не се поколебала. Господ ја избавил од сите маки, па таа повторно одела од град во град да го обраќа тогашниот незнабожечки народ во верата вистинска. Најпoслe нeкoј кнeз Тарасиј ја oбeзглавил сo мeч. Пострадала за Христа во II. век и така славнo гo завршила свoјoт плoдeн живoт, а нeјзинитe мoшти пoдoцна билe прeнeсeни вo Цариград.
Ребека Спасова М-Нет