
И лубеницата има свој светски ден. 3 август е Национален ден на лубеницата, а летниот период е сезона кога најмногу ја има и најмногу се бара. Тоа секојдневно го покажува и сликата на терен. На градскиот пазар во Штип, но и на неколку други места низ градот може да се забележат продавачи на бостан. Блага е, а освежува велат продавачите па затоа и најмногу се бара, особено ако е од сортата кралица која и најмногу се сади. Велат потреба е добра почва, а штипското поднебје ја има и затоа успеваат квалитетни, свежи и благу лубеници.
„Одма да кажаме дека побарувачката е голема, сакаат луѓето да се освежуваат ама бараат добри лубенци, свежи и благи. Потребна е почва, добро место, наводнување и сортата да е погодена за добра лубеница.“
Моменталната цена ќе се задржи и во наредниот период, производство има доволно со оглед на факотот дека сега веќе се берат лубениците на отворено.
„Ние имаме вода, наводнуваме од Брегалница. Моментално цената е 25 денари килограм лубеница“
Лубеницата е здрава бобинка, 92% вода. Вклучува многу важни елементи како што се витамин А, витамин Б комплекс, витамин Ц, фолна киселина и антиоксиданси. Кога јадеме лубеница, му помагаме на нашето тело да го зајакне имунолошкиот систем, да го одржува нормалното функционирање на нервниот систем и да формира црвени крвни зрнца. Високата содржина на корисни елементи придонесува за правилно функционирање на варењето, кардиоваскуларниот систем и целиот организам во целина.
Важно својство на лубеницата е чистењето на организмот. Растението има силно диуретично дејство и се препорачува за одредени болести.
Лаура Стојанова М-Нет