Пријавените на огласот за вработување во штипската Клиничка болница ќе се тестираат утре

Кандидатите кои се пријавиле на огласот за вработување утре ќе бидат тестирани во Клиничката болница – Штип. Огласот за вработување е за 16 здравствени работници, од кои осум лекари, по еден стоматолог и физиотерапевт и шест медицински сестри, а се распишува по речиси три години. Директорот на КБ Штип, д-р Ален Георгијев, вели дека тестирањето ќе се спроведе утре, во 11:00 часот.

„На тестирањето треба да се јават 44 кандидати за лекари, десет медицински сестри, четворица физиотерапевти и тројца стоматолози. По тестирањето, ќе следи процедура за избор на кандидатите кои ќе се вработат во Клиничката болница во Штип, во која има недостаток од сто здравствени рaботници“, вели Георгијев.

Георгијев најави дека во текот на наредната недела ќе достави и ново барање за вработување на лекари, медицински и технички персонал. Колкав ќе биде бројот, вели, дополнително ќе информира. Посочи дека во тек е и постапка за поправка на рендген апаратот.

Ребека Спасова М-Нет