После тешкиот пораз во Кратово, Башкими направи комплетен „ремонт“ со десет нови играчи

ФОТО: ФК Башкими

Прволигашот Башкими после тешкиот пораз од Силекс во Кратово од 6:0, се реши да направи комплетен „ремонт“ со цел да се подигне квалитетот во сопствените редови, за остварување на целите.

Клубот од Куманово се засили со стоперите Џулинај Капланај и Андреј Љубевски, левиот бек Билал Исени, играчите од средниот ред Габриел Тенлеп, Андри Стафа, Клаудио Мартинез и Мал Јанузи, како и офанзивците Фавзи Јахаја, Антонио Мијамона и Теодор Мирчевски.

Меѓу новите засилување има фудбалери од Албанија, Камерун, Нигерија и Германија, но и играчи кои добро го познаваат македонскиот фудбал и лесно би требало да се прилагодат на новата средина. Тенлеп и Исени беа дел од Воска Спорт, Мирчевски пристигна од Борец, а Љубевски настапуваше за Саса. Јанузи доаѓа од албанска Егнатија.

Ваквиот „ремонт“ во тимот доаѓа после тешкиот пораз кој го доживеа Башкими во Кратово од Силекс, но дефинитивно сега квалитетот е во нагорна линија и се очекува Башкими да биде на подобро ниво кон остварување на целите. Веќе прв чекор ќе биде првиот домашен меч од второто коло против Тиквеш.

Александар Ванев, М-Нет