Граѓаните во Штип со можност да се запознаат што е бесплатна правна помош и како да ја користат

Секој граѓанин има право да побара бесплатен правен совет или информација, а со исполнување на одредени критериуми може да користат беспалтна правна помош. Со цел да се запознаат на кој начин може да се користи бесплатана правна помош денеска на градскиот пазар во Штип се делеа печатени материјали и граѓаните имаа можност да научат каде, како и кога да побараат бесплатна правна помош.

„Граѓаните може да се информираат за тоа каде да се обратат за беспалтна правна помош, што преставува и за што може да се користи. “ – вели Цуцуловска – Јакимовска.

Минатата година за примарна првана помош се обратиле 5972 граѓани, но овој број е и понамау нисок оти граѓаните не се запознаени на кој начин да побараат бесплатна правна помош. Преку вакви промотивни настани кои ќе бидат реализирани во 15 општини во државата им се пружа можност на сите да научат и да ја користат бесплатната правна помош.

„Со огллде дека раздвиженоста беше голема, имаше интерес од страна на граѓаните, поставуваа различни прашања со кои се соочуваат. Претежно тоа беа прашања за права од социјална заштита, здравствена, имотно правни односи“ – вели Марковска.

Проектот е кофинасисран од Европската унија и Советот на Европа, имплементиран од канцеларијата на Советот во Европа во Скопје во соработка со Министерството за правда и националното координативно тело за бесплатна правна помош.

Лаура Стојанова М-Нет