Модар патлиџан има двојно помалку, за неколку години ќе биде луксуз увезен од странство

Производството на модар патлиџан годинава е двојно намалено за разлика од претходните години. Квалитетот е делумно задоволитетелен, а во нива веќе нема кој да работи. Денеска на пазарот во Штип модар патлиџан имаше на секоја втора тезга, и спаѓа во производите кои најмногу се бараа заедно со боранија, пипер и сезонско овошје, ама произведувачите велат ова е далеку помалку од количината на патлиџан во годините претходно. Стравуваат дека ако ситуацијата продолжи вака за неколку години модриот патлиџан ќе биде луксуз увезен од странство.

„Нагло оти сонцето јако, вадење треба да има на секој втори ден. За добар модар патлиџан треба работа и прскање. Препаратите се многу скапи. За кратко време македонија ќе нема храна да се прехраниме. Производство нема доволно на модар, оти нема кој да работи. Количините се минимални.“ – велат продавачите.

Инаку, денешниот пазарен ден се карактезираше со побарувачка од рано изутрина кога дневните температури беа пониски. До пладне речиси и да немаше купувачи излезени на топлото време. Ама продавачите се задоволни од побарувачката изутрина. Велат дека и цените на производите се реални за овој период од годината.

„Денеска од сабајле имаше доволно работа, сега се намалува оти е жешко. Најмногу се бара бостанот, дињата, пипер, компир.“ – додаваат продавачите.

За купувачите денешниот пазарен ден беше задоволителен, велат дека цените не се многу високи, проблем е што примањата се мали. Ама додаваат дека основните производи може да се купат.

Лаура Стојанова М-Нет