КБ Штип варботува 16 здравствени работници ама недостасуваат речиси 100

Во тек е огласот преку кој КБ Штип вработува 16 здравствени работници. По завршување на огласот ќе се направи конечната ранг листа со што болницата ќе добие нов кадар кој во моментот недостасува. Интересен е и радува фактот дека заинтересираноста за вработување на позиција лекар во КБ Штип е голема, се вработуваат само осум лекари а пријавени се 44. Од друга страна пак, се вработуваат шест медицински сестри, а пријавени се само 10, од кои 9 веќе работат во болницата.

„Имаме осум позиции за местото доктор, шест медицински сестри, еден дипломиран физиотерапевт и еден стоматолог. Од кога ќе заврши тестирањето ќе се направи конечната ранг листа на кандидатите кои треба да бидат примени. Во делот за доктори иамме огромна заинтересираност што е добро. Иако примаме само осум лекари имаме пријавено дури 44 што е една позитивна охрабрувачка вест за нас како КБ Штип“ – вели Георгијев.

Бројката на здравствени работници кои ќе се вработат преку сега распишаниот оглас е далку помалa од потребниот, ама наесен се очекува да се распише уште еден нов оглас со што до крајот на годината КБ Штип да добие над 30 нови работници.

„Овој оглас примаме 16 здравствени работници, дали е тоа доволно – се разбира дека не. Ни еимаме многу повеќе работници кои сме ги изгубиле во изминатиот период, долг беше периодот во кој немавме примено работници, само во текот на јули изгубивме четити лекари специјалисти кои заминаа во пензија. Но, ќе имаме ново барање наесен. Од овие 16 ние би барале плус уште 15 до 20 здравствени работници, да бидеме објективни до крајот на годината“ – додава Георгијев.

Во моментот воштипската клиничка болница недостасуваат околу 100 здравствени работници.

Лаура Стојанова М-Нет